Скопје, декември 2022 – Студент(к)ите на студиската програма Царина, шпедиција и осигурување од Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје имаа можност да го слушаат едукативното предавање на директорот на Одделот за сметководство и набавки при Фондот за здравствено осигурување во Република Северна Македонија, г. Арбен Салихи.

Студент(к)ите беа детално информирани за законот за задолжително здравствено осигурување, остварувањето на правата од здравственото осигурување, процедурите за упатување на лекување во странство, како и за работата и улогата на Фондот за здравство на РСМ.

Предавањето беше интерактивно и студент(к)ите имаа можност да поставуваат прашања од областа на здравството и правото, а имаше и конструктивна дискусија помеѓу предавачот г. Арбен Салихи и предметниот професор м-р Ваљон Рамадани.

На предавањето беа присутни и претставниците на студентското собрание на УМТ.

Изразуваме посебна благодарност до г. Арбен Салихи и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за коректната соработка и поддршка што ја даваат за студент(к)ите и за УМТ.

By