Скопје, 15–16 декември 2022 – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа Третата меѓународна конференција за компјутерски апликации, мрежи, телекомуникации и инженерски науки, КоНТЕСА ’22 (CoNTESA ’22).

Конференцијата беше со физичко присуство и онлајн, а на неа учествуваа голем број професор(к)и од земјата и од странство. Конференцијата ја отворија проректорот за наука и истражување при УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, како и професорот Мааруф Али од Канадскиот институт за технологија, кои воедно беа и модератори на конференцијата.

Проректорот за образование и студентски прашања при УМТ, вон. проф. д-р Фати Исени, им посака добродојде на сите учеснички и учесници на конференцијата и изрази голема благодарност до професорите Мааруф Али и Махди Хасан за соработката и за нивните драгоцени совети при организирањето на Третатта меѓународна конференција на која Универзитетот „Мајка Тереза“ и оваа година беше домаќин.

На меѓународната конференција за апликации на компјутери, мрежи, телекомуникации и инженерски науки, КоНТЕСА ’22 (CoNTESA ’22), годинава имаше 31 апликација со истражувачки трудови од кои само 17 беа прифатени за презентација како најквалитетни кои ги исполнуваат критериумите на конференцијата. Автор(к)ите на прифатените трудови се од повеќе од 14 земји: Обединетото Кралство, Камерун, Малезија, Индија, Казахстан, Австралија, Северна Македонија, Република Косово, Турција, Кина, Албанија, Хрватска, Оман, Грција и др.

Трудовите презентирани на конференцијата ќе бидат објавени од страна на ИEEE истражувачка дигитална библиотека (IEEE Explore Digital Library). На конференцијата имаше техничко-истражувачки и индустриски сесии.

By