Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, имаше работна средба со министерот за финансии на Република Северна Македонија, г. Фатмир Бесими.
На средбата, ректорот Зеќири го информираше министерот Бесими за активностите на петте факултети на УМТ, за развојните проекти и за консолидацијата на Универзитетот.
Ректорот Зеќири му се заблагодари на министерот Бесими за придонесот и меѓуинституционалната соработка за развој на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.