Студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во третото коло од меѓууниверзитетските натпревари во мал фудбал остварија нова победа, овој пат против екипата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, со конечен резултат од 8:3.
Репрезентативниот футсал тим на УМТ предводен од доц. д-р. Агон Саити и м-р. Мухамер Абдулау во првото коло го одигра натпреварот против екипата на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ –Битола, каде претрпе пораз со резултат од 6:4, додека во второто коло одбележа победа со резултат oд 7:0 против екипата на Универзитетот „Гоце“ Делчев“ во Штип.
Натпреварите во мал фудбал се одржуваат под закрило на Универзитетската спортска федерација на Република Северна Македонија, во спортската сала на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје во близина на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.