Скопје, 18.01.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р. Изет Зеќири беше домаќин на експерт од областа на правото и криминалистика, проф. д-р. Насер Етеми.

Ректорот Зеќири го запозна Етеми за напредокот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде минатата година Собранието изгласа формирање на три нови факултети во рамките на УМТ, и тоа Правен, Економски и Факултет за хуманистички науки.

Ректорот Зеќири го информираше гостинот дека новата академска 2023/2024 година ја очекуваат многу иновации, а во рамки на Правниот факултет ќе има и студиска програма за криминалистика.

УМТ има за цел на младите академици да им даде поширок пристап до повеќе сфери, области и научно – истражувачки гранки за студирање, преку кои помладите генерации ќе стекнат научно и стручно знаење, како и културна и лингвистичка разновидност.

By