Скопје, 27.02.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, во рамките на соработката со бизнис заедницата, имаше работна средба со познатиот скопски бизнисмен г. Фатмир Етеми.
Ректорот Зеќири го информираше г. Етеми за напредокот во консолидацијата на УМТ од академски аспект и за напредокот на реконструктивните работи во поранешната касарна „Илинден“, каде Универзитетот располага со 50.000 квадратни метри земјиште и четири згради во кои ќе се развие студискиот процес, а во едната зграда од 3200 квадратни метри реновирањето е во тек.
Ректорот Зеќири се заблагодари на г. Етеми и на бизнис заедницата за поддршката што ја даваат за консолидацијата на УМТ како единствен државен универзитет на албански јазик во главниот град.
Соработката на УМТ со бизнис заедницата се реализира во рамките на Советот на пријатели на УМТ.