Скопје, 08.03.2023 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Центарот за иновации во Скопје денеска организираа работилница на тема „Дигиталните вештини“, на која пред студентите од Факултетот за информатички науки и студиската програма Економија беа презентирани методите за дополнително оспособување за време на студиите, преку обуките што ги нуди овој центар.

Ректорот проф. д-р Изет Зеќири при својот говор им се заблагодари на директорот на Центарот за иновации во Скопје, г-дин Бурим Шерифи и на обучувачот на CISCO, Артан Хоти за започнатата соработка со УМТ.

Нашата цел е да обучиме што е можно повеќе студенти по информатички и економски науки и во оваа насока имаме за цел во иднина да основаме стручна школа, кое ќе го реализираме во соработка со Центарот за иновации во Скопје, кое ќе им овозможи на многу млади луѓе да се специјализираат за различни области и да имаат предност на пазарот на труд“, рече ректорот Зеќири.

Директорот на Центарот за иновации во Скопје, г-дин Бурим Шерифи, рече дека овој центар е регионален, а пред една година и во Скопје е отворена канцеларија во рамките на Академијата. Шерифи рече дека придобивките од завршувањето на курсевите се многубројни и имаат влијание врз сајбер безбедноста, основите на програмирањето на Python, вмрежувањето, безбедноста и автоматизацијата на претпријатијата и мрежната безбедност.

Обучувачот на CISCO (компанија за компјутерски информациски системи), Артан Хоти, рече дека мрежата на Cisco поврзува луѓе, компјутерски уреди и компјутерски мрежи, овозможувајќи им на луѓето пристап или пренос на информации без оглед на разликите во времето, местото или типот на компјутерскиот систем.

„Од луѓето кои завршиле тримесечни курсеви за CISCO (компанија за компјутерски информациски системи), 84,9 % се вработени или отвориле сопствен бизнис, вкупно 17,5 милиони луѓе се обучени од 1997 година во 190 земји во светот, во 29.300 различни обуки. Тие се развија во насока на професионализација во областа на информатичката технологија“, рече Хоти.

Врз основа на соработката меѓу УМТ и CIS, студентите на УМТ ќе посетуваат тримесечни курсеви бесплатно, кои по редовна цена чинат 3700 евра.

Балканскиот регион се соочува со недостиг на кадар во областа на информатичките науки, што предизвикува проблеми особено кај странските компании кои сакаат да инвестираат овде, а на кои во просек им требаат по 30 такви лица.

By