Скопје, март 2023 – Во рамки на мартовските одбележувања посветени на жените вработени на универзитетот и во согласност со Стратегијата за родова еднаквост, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Одделот за труд и социјална политика, со заедничка активност со Здружението за афирмација на жените, го одбележа Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

Активноста организирана од координаторот на Одделот за труд и социјална политика, д-р Нита Б. Лума, во соработка со претседателките на студентите на одделот, Анеса Мани, Мајлинда Салиху, Мерита Пајазити и Нермине Дарлишта, имаше за цел да ја анализира состојбата на жената во минатото и сега, додека анализата ја опфати Албанката и нејзината положба во Северна Македонија. На настанот презентација имаа и проф. д-р Дитурије Исмаили, декан на Факултетот за социјални науки и г-ѓа Ајше Емини, професор по англиски јазик.

Поздравен говор имаше и ректорот на УМТ проф. д-р Изет Зеќири, кој рече дека УМТ постојано спроведува политики на правична застапеност без родова разлика, нагласувајќи дека жената има одлучувачка улога во креирањето на политиките. Тој истакна дека жените се на функцијата претседател на Сенатот, генерален секретар , декан, а 40 отсто од академскиот кадар го сочинуваат жените, меѓу кои 21 доктор на науки и исто толку магистри, додавајќи дека дури во рамките на административниот кадар, жените сочинуваат речиси половина од вработените.

Со цел да се сподели од багажот на многу бројните искуства за подигнување на положбата на жената во нашето општество, беше покането и Здружението за афирмација на жените, предводено од г-ѓа Ајгил Сулејман, која ги презентираше активностите кои се преземаат со цел унапредување на жената во земја.

На оваа активност учествуваа жени вработените на УМТ и значителен број студентки, додека активноста беше заокружена со подарување на цвеќе за присутните и со забелешки кои ги залепија на таблата, инспирирани од уникатноста на празникот.

By