Катедра за труд и социјална политика , при Факултетот за социјални науки на УМТ, со гости од Здружението за деца со посебни потреби „Дуа Илберин“ го одбележа Светскиот ден на Даунов синдром и светскиот ден на Социјалната работа.
Активноста ја организираше доц. д-р. Мирлинде Билали и доц. д-р. Хава Реџепи, под грижа на координаторот на Катедрата за труд и социјална политика, д-р. Нита Б. Лума, по што беа разменети идеи и искуства помеѓу професорите на УМТ и претставниците на Здружението за деца со посебни потреби „Дуа Илберин“.
За време на програмата по повод Светскиот ден на Даунов синдром, студенти од Студиската програма Труд и социјална политика го посетија здружението со седиште во Скопје.