Студентите од четврта година, по предметот Клиничка социјална работа, на студиската програма Работа и социјална политика, остварија студиска посета во центарот „Вис Ментис“ каде што д-р. Миѓен Амзаи, раководител на овој центар, одржа предавање за предизвиците на менталното здравје кај адолесцентите, клиничката проценка, анализата на функционалното однесување и психотерапевтските пристапи.
Посетата беше извршена под раководство на професорката д-р. Нита Белули Лума.