Скопје, 26.04.2023 – Во пресрет на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот, Факултетот за социјални науки и Синдикалната организација СОНК при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, денеска организираа панел дискусија на тема „Колективните договори во високото образование – статус и предизвици“.

Во присуство на професори и студенти на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, се одвиваше презентација поврзана со колективните договори, која потекнува од Законот за високо образование, на која презентираше проф. Лазар Јовевски – професор по трудово право на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и проф. Александар Петковски – професор по управно право на Факултетот за социјални науки при УМТ.

Професорот Лазар Јовевски беше директен учесник во преговорите за потпишување на постоечкиот Колективен договор за високо образование.

Јовевски и Петковски одржаа интерактивна дебата со учесниците на панел дискусијата, ги разјаснија актуелните прашања поврзани со преговарањето за нов колективен договор.

By