Гостивар, 05.05.2023 година Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје учествуваше на Саемот на средните училишта во Република Северна Македонија во Гостивар, каде беше направена презентација на академската понуда за 2023/2024 година како и презентација на проектот ИДАДОХС (IDADOHS) за дигитализација поддржан од Програмата ЕразмусПлус.

Проректорот за наука и истражување проф. Д-р Беким Фетаји и м-р. Дритон Зендели презентацијата ја направија во партнерство со средното стручно техничко училиште и во соработка со директорот г. Бесир Салиу и заменик директорот г. Екрем Мифтари.

УМТ ги претстави своите 8 факултети и 39 студиски програми во рамките на средношколскиот саем кој годинава се одржа во градот Гостивар, а беа поделени и промотивни материјали до заинтересираните матуранти како потенцијални студент(к)и.

By