Скопје, 15.05.2023 год. – Универзитетот „Мајка Тереза“ денеска организираше „Отворен ден“ и „Ден на кариера“ во просториите на новиот објект на Универзитетот во поранешната касарна „Илинден“, каде пред матурантите беа презентирани студиските програми на факултетите и исто така имаа можност да се известат за побарувачката на пазарот на труд преку учество на 20 приватни компании, Агенцијата за вработување, Стопанската комора на северозападна Македонија во рамките на Денот на кариерата.

Оваа организација годинава за сите матуранти и студенти беше позитивна можност да се запознаат со компаниите кои ги презентираа своите професионални услуги.

Ректорот проф.д-р Изет Зеќири рече дека оваа организацијата, учеството на претставниците од Министерството за образование и наука, приватни компании, директори на средни училишта, матуранти и студентите ќе останат во сеќавањето на сите нас, бидејќи доаѓа златна генерација на студентите на нашиот универзитет, со професионален кадар докажан во академскиот свет, што им обезбедува на студентите светла и перспективна иднина која ги исполнува барањата на пазарот на трудот.

Претседателката на Сенатот на УМТ, проф. д-р Сузана Јордановска им посака на матурантите и студентите успех во нивниот академски живот и нивната академска кариера која ќе ја градат во Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Претставникот од Министерството за образование и наука г. Ахмет Ќазими истакна дека МОН силно го поддржува УМТ, во неговиот развој и трајно издигнување за општото добро, особено за дипломираните и сегашните студенти на УМТ.

Извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија г. Дурим Зеќири во името на компаниите се заблагодари за можноста и ваквите иницијативи за студентите да бидат поблиску до развој на бизниси нудејќи им на студентите перспективни платформи во однос на побарувачката на пазарот на трудот.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје има 8 факултети и тоа: Факултет за градежништво и архитектура, Факултетот за технички науки, Факултет за информатички науки, Факултет за технолошки науки, Факултет за социјални науки, Економски факултет, Правен факултет и Факултет за хуманистички науки.

By