Скопје, 18.05.2023 Студентите од УМТ од студиските програми Прехранбена технологија и дизајн на хемиски процеси и производи остварија студиска посета во Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Студентите предводени од академскиот кадар од Факултетот за технолошки науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, вон. проф. д-р. Олга Поповска и асистентите Mr. Sci Суат Ибиши и Mr. Sci Бедри Ѓуреци, имаа можност одблиску да ја видат лабораториската опрема и да ги научат методите на работа со инструменти како што се: спроводник, рН-метар, хроматографски и спектроскопски инструменти и методи поврзани со анализа на минерали во аналитот, определување на бучава и воздух, исто така и методот за SPE.

By