Скопје, мај 2023 – Во рамките на Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно одржа едукативно предавање на тема „Дигитализација, 5G и идните генерации на мобилните мрежи“ со предавателот д-р Иван Петров, вработен во Телеком, Северна Македонија.

Целта на означувањето на ова едукативно предавање беше реализирана со иницијатива на деканот на Факултетот за информатички науки при УМТ, проф. д-р. Стојан Китанов каде примарна цел е да придонесе подигање на свеста за можностите при користење на Интернет и другите информатички и комуникациски технологии (ИКТ) кои можат да придонеат на општеството и економијата, како начин да се надмине дигиталниот премин.

На едукативното предавање посебно внимание беше посветено на студентите од студиските програми од Факултетот за информатички науки, кои имаа можност да се запознаат со предностите кои ги нудат 5G мобилните мрежи во однос на дигитализацијата и услугите за корисниците, имплементацијата на 5G во Северна Македонија, исто така да се разгледа и 6G – следната генерација на мобилните мрежи.

Ова предавање се одржа на 17 мај во чест на годишнината од потпишувањето на првата Меѓународна телеграфска конвенција и формирањето на Меѓународната унија за телекомуникации, каде што ОН го прогласија овој датум за светски ден на телекомуникациите и информатичкото општество.

By