Скопје, 02.10.2023 – Со свечена церемонија Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска пречека 840 нови студенти, кои се приклучија кон 3700-те досегашни студенти, на 8-те факултети на УМТ со над 30 студиски програми.
Ректорот на УМТ проф. д-р. Изет Зеќири им посака добредојде на сите нови студенти, и успешна академска година, нагласувајќи дека „нашиот универзитет нуди квалитетни студии, студиски програми со меѓународна споредливост и дипломи признаени во странство, каде што студентите можат да ги продолжат своите понатамошни студии или да бидат вклучени во работата според нивната квалификација и стручна подготовка“ – рече ректорот Зеќири
Министерот за образование и наука, г. Јетон Шаќири им посака добредојде на новите студенти, посакувајќи им здравје, среќа и постигнување на понатамошни успеси со цел да ги остварат своите цели и идеи кои ги имаат зацртано. Министерот Шаќири истакна дека наставниот кадар, не само на Универзитетот „Мајка Тереза“, туку и на сите универзитети во земјава, ќе биде на високо ниво, знаењето кое го поседуваат и кое треба да го споделат со студентите и од нив да се создаде генерација на која сите ќе бидеме горди и која ќе може да се соочи со предизвиците на иднината, полека преземајќи ги улогите на возрасните во општеството.’ – рече министерот Шаќири.
Претседателката на сенатот на УМТ, проф. д-р. Сузана Јордановска, на новите и сегашните студенти, им посака посветеност во развојот на нивниот академски живот и дека нивната академска иднина му припаѓа на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кадар составен од напредни професионалци за нивната академска кариера..
Проректорот за образование на УМТ, вон. проф. д-р. Фати Исени, во својот поздравен говор до новите студенти, меѓу другото рече дека „предрасудите и стереотипите на културно ниво го држеа регионот во заложништво, само ние треба да ги отстраниме со силата на мудроста која се создава тука. Сакам и вие, како и вработените на УМТ, драги студенти, да ја почувствувате топлината на Универзитетот и да доаѓате со многу волја за учење.’ – рече проректорот Исени.
УМТ на сите сегашни и нови студенти на почетокот на новата академска 2023/2024 година им посака заеднички успех и целиот академски и административен кадар ќе биде во нивна професионална услуга.