Велес, октомври 2023 година – Студентите на Правниот факултет од студиската програма криминалистика при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје учествуваа на „Обуката за ангажирање и зајакнување на младите во борбата против радикализмот и насилниот екстремизам“ организирана од Организацијата за безбедност и соработка во Европа – мисија во Скопје (ОБСЕ).

На оваа обука учествуваа сите државни универзитети во Република Северна Македонија од студиските програми криминалистика и правни студии.

Студентите на УМТ, покрај теоретското предавање, имаа можност да ја проследат симулацијата на земјотрес во практична форма, специјалните вежби од Црвениот крст во Скопје, студиските посети од Министерството за внатрешни работи, и за прв пат студентите од РСМ ја посетија специјалната единица „Тигри“.

Студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје продолжуваат да посетуваат вакви обуки со цел да се зголеми развојот на студискиот процес. Студентите на Правниот факултет од студиската програма криминалистика на крај беа сертифицирани од Организацијата за безбедност и соработка во Европа – мисија во Скопје (ОБСЕ).

By