Најпродаваната книга за странци во Германија, сега и во рацете на студентите од ФХН!
На почетокот на оваа културна манифестација предводена од в.д. Деканот проф. д-р. Мустафа Ибрахими, кој најпрво им посака добредојде, а потоа, меѓу другото, истакна дека литературата за изучување на јазик е многу важна, а оваа празнина ја пополнува Издавачката куќа „CORNELSEN“ со седиште во Косово, со висококвалитетни и современи публикации за изучување на германски јазик.
Нејзините надворешни експерти со седиште во Косово пошироко зборуваа за публикациите на оваа Издавачка куќа, г. Илир Лењани и Арбер Џеладини. Тие детално ги презентираа најновите методи за интерактивна работа со прирачници за изучување на германскиот јазик со илустрации и примери за сите нивоа, како што е и книгата PANORAMA. Тие истакнаа дека овие прирачници ја олеснуваат работа, не само за студентите, туку и за професорите по германски јазик.
Пред присутните се обрати и професорот по германски јазик Изер Максути, како и Бесим Алили, лектор и претставник од Австрија за соработка и академска размена. Студентите и професорите беа задоволни од презентациите и квалитетните книги по германскиот јазик и се оставрија и првите чекори на соработка.