Скопје, 06.11.2023 – На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа 7 -от Конгрес во чии рамки се одржува и Меѓународната конференција за одржлив развој „ТСД 2023“.

Конференцијата ја отвори проректорот за наука и истражување на УМТ, проф. д-р. Беким Фетаји, кој елаборираше за развојот на Конгресот, главни говорници беа ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири придружуван од раководителот на секторот за високо образование г. Ахмед Ќазими, претставник на Министерството за образование и наука во РСМ, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, г. Фестим Халили, директорот на IEEE секцијата на Северна Македонија, проф. д-р. Анастас Мишев, главен извршен директор (CEO) на Laigo GmbH од Германија, г. Мајкл Баунер, советник на премиерот на Северна Македонија г. Јоханес Хајдекер, г. Фабијан Евалд градоначалник на индустријата за средна класа во Баварија, како и координатор на програмата алумни од Американската амбасада во Скопје, г. Газменд Илази.

Ректорот разговараше за предизвиците за постигнување на целите за одржливиот развој во РСМ. Потенцирајќи дека Целите за одржлив развој во РСМ се слични на целите на сите земји. Тој анализираше некои цели кои се многу важни и се на агендата на нашата земја до 2030 година. Важноста на овие цели мора да биде целосно компатибилна со процесот на интеграција во ЕУ. Тој нагласи дека до 2030 година, според агендата, ќе биде искоренета екстремната сиромаштија за сите луѓе насекаде во светот, што во моментов ги опфаќа сите оние кои живеат со помалку од 1,25 долари на ден. Тој нагласи дека во Северна Македонија 21,8 отсто од населението или 451.900 граѓани живеат во сиромаштија и треба да се преземат мерки за намалување на овој процент.

Тој исто така разговараше за напорите на земјата да обезбеди здрав живот и промовирање на благосостојбата за сите возрасти, како да се обезбеди инклузивно, рамноправно и квалитетно образование и како да се промовираат можностите за доживотното учење за сите.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој г. Фестим Халили во својот презентативен говор, меѓу другото, истакна дека „како државна институција која има за цел да ги поддржи иновациите и претприемништвото во земјата, има јасна визија за создавање одржлива иднина и трансформирање на еко системот. Преку расположливите финансиски инструменти поттикнуваме за создавање нови бизниси, поттикнуваме иновации и научни истражување, отвораме нови работни места и ја подобруваме економијата во земјата“. – изјави директорот Халили.

Проректорот за наука и истражување на УMТ, проф. д-р Беким Фетаји, воедно и организатор на седмата меѓународна конференција, ја истакна потребата од соработката на повеќе сегменти во општеството, споменувајќи го сојузот на „триаголникот“: Академијата, индустријата и државните институции. „Поентата на оваа конференција е обединувањето на академијата, и владините институции како што е Министерството за образование, кои имаат ресурси и можат да помогнат во овој процес; на индустријата, имаме многу говорници, овој пат имаме тројца од Германија, кои работат во европски институции, а некои се и сопственици на различни компании“.

Газменд Илази, координатор за образовни програми и алумни, во Американската амбасада во Скопје, ја поздрави меѓународната конференција на тема „Одржлив развој“. Неговиот пристап беше за зајакнување на квалитетот на образованието на сите нивоа, како еден од клучните столбови за

одржлив развој. Тој зборуваше за различните стипендии што ги нуди Американската амбасада во Скопје за сите возрасни групи од 16 до 55 години и за сите студиски профили, од средно образование до постдокторски студии.

Темите за кои се дискутираше оваа година на Меѓународната конференција за Одржлив развој „ TSD 2023 “беа: предизвиците за постигнување на целите во одржливиот развој во РСМ, технички и економски аспекти на одржливост, нови хоризонти во градежништвото и архитектурата, предизвиците на ИКТ, математиката, сајбер безбедноста и вештачката интелигенција, технолошките науки, природните науки, уметноста во новиот милениум и образованието, техничките и економските аспекти на одржливоста и многу други актуелни теми, за кои елаборира над 60 говорници. На конференцијата беа објавени вкупно 87 научни трудови со 200 учесници.

Трудовите презентирани од учесниците на Меѓународната конференција за Одржлив развој TSD 2023 ќе бидат објавени во списанието за одржлив развој на Југоисточна Европа „SEEJSD“ кое го издава УМТ. Конференцијата беше организирана и модерирана седми пат по ред од страна на проректорот за наука и истражување на УНТ, проф. д-р Беким Фетаји.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како најнов јавен универзитет во Северна Македонија, му придава големо значење на Конгресот и сака активно да придонесе за подобрување на актуелната состојба во различни области.

By