Во присуство на министрите Јетон Шаќири и Кренар Лога на УМТ беше промовирана книгата „Под сенката на Чинарот“ од авторот проф. д-р. Азис Положани
Скопје, 23.11.2023 Во присуство на министерот за образование и наука г-дин Јетон Шаќири, министерот за правда г-дин Кренар Лога, амбасадорот на РСМ во Берлин, г-дин. Илбер Села, колеги, членови на семејството и љубители на пишаниот збор, на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, се промовираше книгата „Под сенката на Чинарот“ од првиот ректор, авторот проф. д-р. Азис Положани.
Ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири му честиташе на авторот за книгата, вреднувајќи ја симболиката на охридскиот чинар, како еден од симболите на градот, каде и самиот тој го поминува поголемиот дел од летото, истовремено заблагодарувајќи му се на Положани за информацијата која тој ја споделува во книга за историјата на Албанците од Охрид.
Рецензентите, универзитетските професори Ризван Сулејмани, Енвер Абдулаи и Мурат Алиу, ја оценија книгата како вредна корица на информации за минатото на Охрид, кое за разлика од Струга, е значително помалку третирано од албанските писатели.
Професорот Ризван Сулејмани го вреднува местото од каде започнуваат приказните на Положани, токму од охридскиот карактеристичен Чинар, старото дрво кое ја симболизира стабилноста, антиката и историјата на градот и неговите жители.
Во тоа време, Чинарот претствавуваше охридска Агора, каде луѓето се освежуваа, дебатираа, собираа и раскажуваа болни и радосни доживувања, лузните врежани на стеблото на ова дрво зборуваат за антиката, лабавите гранки кое го симболизираат маслото како и надежта за виталноста кои се помалку отстранети од самото албанско битие, меѓу многуте култури, религии и традиции на градот кој историјата го осуди да ја плати цената на географијата и историјата“, рече Сулејмани.
Мурат Алиу рече дека ги вреднува авторите кои пишуваат надвор од својата професија.
„Монографска книга, со стилски и богат јазик, како и со одличен интерпретациски мајстор на фактите и појавите, оригинален текст, бидејќи се работи за самодоживеани наративи, секако не исклучувајќи го делот од текстот кој е резултат на проучување на бројни релевантни прашања“, рече професорот Мурат Алиу.
Авторот на делото проф. д-р. Азис Положани рече дека причините кои го поттикнале да ја напише оваа книга се две: преселувањето на семејството како дете од Ливадија, Струга во Охрид во 60-тите години, каде што неговиот татко служи како имам, а втората причина која повеќето албански интелектуалци пишувале за Струга, а многу помалку за Охрид.
‚‚Изворот на информациите запишани во оваа книга се разговорите на татко ми со познати личности во Охрид, додека тој ме носеше насекаде со себе, и немаше како јас да не слушнам и научам. Забележав дека разговорите кои ги водеше татко ми со овие луѓе, со информациите кои ги споделуваа немаат никаква врска со приказните кои ги учевме на училиште. Охрид после 1912 година се третираше според националност и вероисповед, а се третирало само една националност, другите биле исклучени. Никогаш во книгите не дознавме дека пет-шест членови од Охридскиот санџак биле потписници на прогласувањето на независноста во Валона, никогаш не дознавме дека
охридскиот кнез пред доаѓањето на Турците бил Андреа Гропа, арбершки принц – владетел на Охрид, низ годините 1371-1379 меѓу другото рекол Положани.
Министерот за образование и наука, г-дин. Јетон Шаќири му честиташе на авторот за волјата за пишување, која претставува мотив за пишување на новите генерации.
Организатор и модератор на промоцијата на книгата „Под сенката на Чинарот“ од проф. д-р. Азис Положани беше универзитетскиот професор Енвер Абдулаи.