Скопје, 04.12.2023 – Проректорот за финансии и инвестиции Доц. д-р Бујамин Бела од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје заедно со група студенти од Економсиот факултет, Факултетот за социјални науки и Техничкиот факултет присуствуваа на дебатата за национална стратегија за наредните 20 години.

На оваа дебата тема на дискусија беше „Стабилна и конкурентна економија (иновации, претприемништво, интегрирана економија и работна сила, развој на кариера, извозни структури, економски зони, , IHD, мобилност итн.)“.

Проректорот Бела и студентите од УМТ имаа можност да се вклучат во интерактивност на горенаведената тема, разговарајќи за многу прашања кои му припаѓаат на општеството во нашата земја и тоа: Одржлив локален и регионален развој (регионални разлики, капитална инфраструктура, функционална фискална општина), Демографска ревитализација и културен и социјален развој (Баланс помеѓу професионални и семејни обврски, управување со надворешни и внатрешни миграции, инвестиции во технологија на јавното здравство, правна и социјална заштита, одржлив пензиски систем, активно стареење, стандардизација на формалното образование со меѓународни стандарди).

На оваа дебата студентите имаа можност да разговараат за владеењето на правото и доброто лидерство (политики и стандарди приспособени кон регулативите на ЕУ, политички партии и демократски процеси, независно судство, транспарентност и инклузивност, избор на функционери според заслуги и перформанси, медиуми со интегритет, борба против корупцијата, заштита на животната средина, мултикултурализам и други).

By