Скопје, декември 2023 година – На покана на деканката на Економскиот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, доц. д-р Букурие Имери Јусуфи, овластената државна ревизорка Албана Чупи одржа предавање пред студент(к)ите по економија како експертка во својата област.

Чупи одржа предавање по предметот Контрола и ревизија за студент(к)ите на студиските програми Применета економија, Царина, шпедиција и осигурување и Индустриски менаџмент. Ревизорката предаваше на тема историјата на формирањето на Државниот завод за ревизија, важноста на овој државен орган, како и на тема практичниот аспект на спроведување на ревизорските процеси во државните и јавните институции.

За време на интерактивното предавање, студент(к)ите покажаа особен интерес за работата на Државниот завод за ревизија и за должностите и надлежностите на оваа институција.

By