Скопје, јануари 2024 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р Изет Зеќири имаше работна средба со директорот на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, г. Адем Цури.
Ректорот Зеќири придружуван од проректорот доц. д-р Бујамин Бела и деканот на Правниот факултет вон.проф.д-р Аргетим Салиу го информираше директорот Цури за напредокот на консолидацијата на УМТ, и на академски и на административен план, за бројот на студенти, како и за потребите на УМТ за натамошно унапредување и развој на високото образование помеѓу ИПА фондовите.
Двете страни се согласија дека меѓу нивните приоритети ќе биде продлабочувањето на соработката меѓу двете институции. Ректорот Зеќири му се заблагодари на директорот Цури за поддршката, обезбедувајќи коректност и квалитет во иднина помеѓу работните групи од УМТ и оние на AAIPA.
Ревизорското тело е независен надворешен ревизор одговорен за ревизија и давање мислење за правилното функционирање на системите за управување, контрола и надзор на помошта на ЕУ пред пристапувањето во РСМ, за комплетноста, точноста и вистинитоста на годишните финансиски извештаи или изјави, за законитоста и регуларноста на основните трансакции за заштита на интересите на Заедницата.