Скопје, 01.02.2024 – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска се одржа првата средба помеѓу УМТ и Организацијата за социјални иновации “ARNO”и организацијата “RISE” (Регионален инкубатор за социјални претприемачи).
Фокусот на средбата меѓу странките беше организирањето на натпреварот “Green Ideas”, на кој натпревар можат да учествуваат студенти од сите факултети на универзитетот, каде за првите три места ќе се доделат награди до 5.000 евра.
Студентите од УМТ ќе бидат вклучени во тематски проекти кои го поддржуваат развојот на мали, локални и зелени бизнис идеи.
“Green Ideas” е годишен натпревар кој, покрај во нашата земја, натпреварот се одржува и во Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Грција. “RISE” е програма за млади идни социјални претприемачи (16-35 години) каде се пријавуваат тимови од млади луѓе со идеи за социјално и зелено претприемништво. Како локален инкубатор за Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, со обезбедени средства до 2025 година, на овој натпревар младите ќе се обучуваат како да започнат бизнис од некоја идеја, преку обука, менторство, консултации и вмрежување.
Досега се одржани натпревари со 32 екипи и над 100 млади луѓе кои учествувале во програмата.
На средбата од страна на УМТ беа присутни проректорот за наука и истражување на УМТ, проф. д-р. Беким Фетаји, деканот на Правниот факултет, вон. проф. д-р. Аргетим Салиу, проф. доц. д-р. Валбона Хајретин, раководителот на Секторот за меѓународни односи м-р. Бујар Кајоли, додека од страна на здруженијата г-ѓа Ирена Јаневска, кофинансиер и претседател на Организацијата за социјални иновации “ARNO”и г-дин. Марјан Ицоски од Организацијата за социјални иновации “ARNO”.