Мароко, март 2024 – Проректорот за финансии, инвестиции и развој Доц. д-р. Бујамин Бела го претставуваше Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на Меѓународната конференција за високо образование организирана од програмата за мобилност Еразмус+ во Мароко.

На Меѓународната конференција за високо образование присуствуваа над 150 претставници од 40 различни земји во светот како што се: Италија, Грција, Кипар, Шпанија, Малта, Франција, Португалија, Хрватска, Северна Македонија, Турција, Словенија, Србија и други земји од Африка.

Главната цел на организаторот е зајакнување на истражувачките капацитети во високообразовните институции и меѓународната соработка.

Дискусиите и предлозите се фокусирани на критериумите и процедурите за аплицирање, важност-релевантност, евалуација, акционен план, анализа на ризици и приоритети, надзор, вмрежување-интернационализам, мобилност на кадарот и студентите, партнерство и реализација на проекти кои влијаат врз зголемување на квалитеот во образованието.

By