Скопје, 21.03. 2024 Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска преку поетски конкурс го одбележа 21 Март – Меѓународниот ден на поезијата.

На конкурсот беа пријавени 20 млади поети, ученици од средните училишта од главниот град. Комисијата која беше во состав на Мерита Абази, претседателка, и членови, професорите од УМТ, проф. д-р. Сунај Раими и деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р. Мустафа Ибрахими избра 10 поезии за учество на конкурсот.

На конкурсот чија цел беше да ги анимира, промовира и стимулира младите поети, победници на првите три места им беа доделени на Алма Ѓуреци, првопласирана со поезијата „Вечност“, Агнеса Сули второ место со поезијата „Те Мразам“ и Мерал Усеини трето место со поезијата „Во сенката на коридорот“, кои покрај благодарници се наградени со парични награди од 5.000, 4.000 и 3.000 денари.

Организаторот, деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими рече дека секоја поезија со која се натпреварувале е оригинална, додека младите автори се натпреварувале само со една поезија.

Проф. д-р. Сунај Раими во својот говор рече дека поезијата е емоција, емоција која се изразува и се карактеризира со карактерот на секого, која се изразува преку изразување во стихови.

Професорката Мерита Абази рече дека е среќна што на овој конкурс се пријавиле 20 девојки, млади поетеси, од кои беа избрани трите најдобри поезии.

Во процесот на одлучување, комисијата го вреднуваше талентот, оригиналноста, умешноста на творење, соодветноста на избраниот медиум во однос на идејата и општиот впечаток кој може да остави поезијата, додека сите присутни беа наградени со благодарници.

Други ученици кои учествуваа беа Албина Рамадани, Амра Идризи, Анифе Јакупи, Арбенита Кадриу, Ардита Емини, Дуа Ајрули, Емсале Синани, Езана Демири, Лина Зеќири, Мирс Зеќири, Сенадије Кадриу, Тони Хатипи и Туана Даци.

Гостин на настанот беше поетесата Мејрем Туша која пред учениците прочита дел од нејзините поезии.

By