Скопје 1 април 2024 година Студиската програма „Спорт и спортски науки“ на Факултетот за социјални науки на УМТ организираше панел дискусија на тема Постот и спортот на која се дискутираше за влијанието на постот врз спортските активности.

Панелисти беа првиот ректор на УМТ, проф.д-р  Азис Положани, кој покрај тоа што е професор е и доктор и нутриционист, проф.д-р Фатмир Заими, професор по теологија ангажиран како надворешен соработник во УМТ и проф.д-р Блерим Саити, професор на УМТ, одговорен за студиската програма Спорт и спортски науки и стручен тренер, на панел дискусијата учествуваше и деканката на Факултетот за социјални науки, проф. д-р Дитурије Исмаили.

Проценката на тројцата панелисти беше дека постот е верска обврска, но со големи здравствени придобивки.

„Многу луѓе го гледаат постот како верска обврска, но само малкумина ги знаат здравствените придобивки што ги има. Постот е добра практика доколку се применува правилно. Помага да се елиминираат токсините од телото, го намалува шеќерот и маснотиите во крвта. Создава навика на здрава исхрана и го зајакнува имунитетот’, изјави нутриционистот проф. д-р Азис Положани.

Постот ја зголемува детоксикацијата, рече професорот проф.д-р Блерим Саити, кој додаде дека „преработената храна содржи многу адитиви. Овие адитиви стануваат токсини во телото, некои од нив го поттикнуваат производството на напредни зашеќерени крајни производи, и како заклучок сите овие токсини се депонираат во маснотии“, кој додаде дека маснотиите се согоруваат за време на постот, особено кога се пролонгира, и се ослободуваат токсини, со што црниот дроб, бубрезите и другите органи се вклучени во детоксикацијата.

Постот им помага на зависниците да ја намалат желбата за никотин, алкохол, кофеин и други штетни материи, рече проф.д-р Фатмир Заими, теолог кој додаде дека постот, исто така, потикнува брзо губење на тежината, го намалува количеството на маснотиите и шеќерот складирани во телото  додека консумирањето на природна храна и овошје за ифтар влијае на губење на тежината.

За спортистите панелистите порачаа дека не треба да престануваат со физичките активности за време на постот, но тоа да го направат после ифтар.

By