Тетово, април 2024 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја продолжи промоцијата на академската понуда за 2024/2025 година, овојпат таа беше претставена и пред матурантите од средното економско училиште „8 Септември“ и Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
За време на средбата со матурантите вон проф. д-р Дренуша Камбери и Егзона Зибери неодамна разговараа за содржината на студиските програми, условите за пријавување и студирање на нашиот универзитет, можностите кои им се нудат на студентите на УМТ преку програмата Еразмус+, како и договорите за соработка во рамките на кои им се дава значење на практичната работа, стипендиите и студентска размена.
Од средбата со матурантите беше изразен голем интерес, особено за дефицитните програми во земјава, кои ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје. Исто така, матурантите и одговорниот кадар изразија интерес и желба да го посетат новиот универзитетски кампус.