Скопје, 25.04.2024 Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на седницата одржана денеска, 25.04.2024 година, гласаше за избор на претседател на Сенатот, на која членовите на Сенатот едногласно му дадоа поддршка на проф. д-р. Зоран Гацовски.
На новиот претседател на Сенатот, проф.др. Зоран Гацовски му ја дадоа довербата: Доц. Др. Шпетим Реџепи од Факултетот за Градежништво и архитектура, проф.д-р. Андреј Цветковски од Факултетот за компјутерски науки, Проф.Инор.Др. Рилинд Адеми од Факултетот за технички науки, проф. д-р. Сузана Јордановска и Доц.м-р. Емира Имери од Факултетот за технолошки науки, проф.Инор. Енвер Абдулахи и Проф.Инор. д-р. Агон Саити од Факултетот за социјални науки и од студентското собрание, како дел од Сенатот, претставуван од претседателот на ова собрание, Омер Хебиб.
Зоран Гацовски е доктор на технички науки, редовен професор во универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде предава автоматика и мекатроника. Ректорот на УМТ проф. Др. Изет Зеќири му честиташе на новиот претседател на Сенатот, а на членовите на Сенатот им посака успех во работата.