„КНИГАТА ДЕНЕС И ЗАШТИТАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ“
23 април 2024 година – Со иницијатива на деканот на Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Мустафа Ибрахими денеска, по повод 23 април, Меѓународниот ден на книгата и авторското право како и меѓународниот ден на англискиот јазик, беше организирана панел дискусија на тема „КНИГАТА ДЕНЕС И ЗАШТИТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ“.
Главни говорници на панел дискусијата беа проф. д-р Тахир Зајази, професор и автор на повеќе универзитетски книги како и м-р. Афет Јашари, државен советник во Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Проф. Зајази го изрази своето задоволството што се наоѓа помеѓу студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, на кои им ја подари својата книга „Методологија на наставата и учење“ за училишта, програми и наставни програми.
Државниот советник во Министерството за култура м-р. Афет Јашари рече дека Министерството за култура работи на создавање на најпродуктивна законска регулатива за универзитетите, а тој лично е вклучен во многу проекти како и во новиот закон за заштита на авторските права во РСМ.
Домаќинот на панел дискусијата, деканот на Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Мустафа Ибрахими рече дека идејата за одбележување на Светскиот ден на книгата потекнува од регионот на Каталонија каде е традиција да се подарува роза на оној што ќе купи книга, а овој ден е поддржан и од УНЕСКО. Деканот рече дека книгите му даваат душа на универзумот, крилја на умот, ја тераат фантазијата да лета, и даваат живот на се.
По панел дискусијата, студентите на УМТ и студентите од државниот универзитет во Елбасан „Александер Џувани“ го посетија училиштето за странски јазици „ФИЛОС“ во Скопје, со кое деканот на Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф.д-р Мустафа Ибрахими потпиша меморандум за соработка пред извесно време.