Косово, мај 2024 година – Студентите на Факултетот за технички науки од студиската програма Царина, шпедиција и осигурување беа на студиска посета на царинскиот сектор во Урошевац во Република Косово.

Оваа студиска посета беше реализирана под раководство на деканот на Факултетот за технички науки, вонр. проф. д-р Неритан Туркеши придружуван од теренскиот експерт со над 20 годишно искуство во царината проф. д-р Зија Зимери каде студентите од 4-тата година беа пречекани од стручните служби на чело со директорот на царината г. Фисник Висока, кој ги информираше студентите за царинските служби, програмата Асикуда и воедно го презентираше единствениот царински документ (ЕЦД).

Студентите на УМТ имаа можност да го посетат магацинот на детална контрола на стока што се врши во црвениот канал, а се запознаа и како се контролира стоката од физички и документиран аспект, што вклучува цена, тежина, транспорт (трошоци), и потекло. Студентите од блиску го следеа пресметувањето на ДДВ и акциза, но и аспектот како се пушта стоката без физичка контрола (зелениот канал), добија и детални информации за улогата на жолтиот канал и црвениот канал кој обезбедува детална контрола на податоците и бројот на детални множества.

Потенцираме дека студентите од студиската програма царина шпедиција и осигурување од Факултетот за технички науки при УМТ неодамна беа на посета и на царинскиот терминал Дени, транспортниот сектор во стоковните магацини и граничниот пункт во Табановаце каде што беа информирани за контролите на возилата и шлепите и го следеа работниот процес како се царинат стоките.

Од овие две стручни студиски посети, со споредување на двете царини, студентите доаѓаат до заклучок дека процедурите и царинските работи се исти, но разликата во зачестеноста на шлепите во Република Северна Македонија е поголема.

By