УМТ СТАНА ЧЛЕНКА НА МРЕЖАТА НА ФРАНКОФОНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ
Мадрид 22 Мај 2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р Изет Зеќири придружуван од проректорот за финансии, инвестиции и развој доц. д-р Бујамин Бела учествуваа на состанок на Генералното собрание на Конзорциум на Евро-Медитеранските Универзитети – Тетис, кој годинава се одржа во Мадрид, со присуство на над 75 универзитети од 19 земји во светот, како и земји од Европа, Шпанија, Франција, Италија, Грција и други земји.
Целта на состанокот на Конзорциумот на Евро-Медитеранските универзитети во Мадрид, кој се одржува од 22 до 25 мај, претставува интензивирање на меѓународната соработка меѓу високообразовните институции во истражувачките проекти, мобилноста на кадарот и студентите, како и на теми поврзани со трансферот на практики неопходни за квалитетно образование.
Генералното собрание на Конзорциумот на Евро-Медитеранските универзитети го сочинуваат сите високообразовни, истражувачки и други институции и организации кои аплицирале за партнерство со него и се одобрени од Управниот одбор, додека во моментов има 137 членки од 34 земји од Евро-Медитеранскиот Регион: ЕУ, не-ЕУ, Блискиот Исток и Северна Африка.