Бугарија/Скопје, јули 2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири и ректорот на Универзитетот во Тракиа, проф. д-р Добри Јарков потпиша меморандум за разбирање меѓу двете академски високообразовни институции.
Меморандумот има за цел да создаде и да ја поддржи билатералната соработка помеѓу две високообразовни институции во областите од интерес меѓу двата државни универзитети УМТ и Универзитетот во Тракија ќе имаат за цел размена на академски кадар, студенти, заеднички образовни и истражувачки активности преку меѓународни проекти , симпозиуми, конференции и други научни активности, реализација на заеднички програми на академски степени од прв и втор циклус на студии, директно признавање на дипломите издадени од страните потписнички, учество на спортски и културни настани.
Ректорите Зеќири и Јарков разговараа и за функционирањето на двете високообразовни институции, за разликите меѓу двата државни универзитети во врска со студиските програми, и се согласија за посветеност на академското напредување меѓу двете институции.
Универзитетот во Тракија зазема престижно место во првите десет рангирање на универзитети во Бугарија и е пример за меѓународна и мултидисциплинарна институција.