Скопје, 03.09.2024 – Во работните простории, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири придружуван од проректорот доц. д-р Бујамин Бела му посакаа добредојде на претседателот на Одборот за акредитација во високото образование, проф. д-р Марјан Ѓуровски, придружуван од потпретседателот на одборот, универзитетскиот професор д-р Куштрим Ахмети.

Ректорот Зеќири ги информираше претседателот на Одборот за акредитација во високото образование, Ѓуровски и заменик-претседателот Ахмети, за основањето и развојот на овој образовен храм, напредокот на студиските програми на УМТ, и дека пазарот на трудот денес има голема потреба од нивно активирање во соодветните институции како и процесот на упис за учебната 2024/2025 година.

Претседателот Ѓуровски го информираше ректорот Зеќири за активноста на Одборот за акредитација во високото образование во Република Северна Македонија, неговите активности со кои се занимаваат исклучиво со акредитација на студиски програми во високото образование во земјава.

Ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири на средбата изјави дека УМТ строго го спроведува Законот за високото образование и дека се вложува во зголемување на квалитетот на наставата и постигнува исполнување на образовните стандарди.

Зеќири и Ѓуровски се согласија одличната соработка меѓу двете институции дополнително да се продлабочува.

By