Скопје, октомври 2024 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири учествуваше на Бизнис форумот на тема: „Корпоративната општествена одговорност, филантропијата и владините политики: Соработка за посилно општество“.

Во рамките на настанот, се одржа панел дискусија предводена од истакнати учесници од приватниот сектор и експерти од оваа област во РСМ, за време на овој панел беше развиена и интерактивност меѓу присутните, при што ректорот Зеќири ја истакна општествената, хуманата, еколошката и етичката одговорност на бизнисите која што секојдневно ја има секој филантроп во нашата земја.

Во текот на второто издание беше промовирана книгата изработена од Стопанската комора на северозападна Македонија „Бела книга“, каде се претставени теми од филантропијата и корпоративната општествена одговорност во земјава.

Овој бизнис форум е дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донација“спроведено од Конект во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право ECNL, Стопанската комора на северозападна Македонија и Индиго.

By