Скопје, 10.10.2024 година – Во студиските простори на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, се одржа отвореното предавање на познатиот професор г-дин. Жан Мишел Де Вале од Белгија на тема: „ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЕУ И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО – ПОУКИ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО“, придружуван и модериран од проф. д-р Енвер Абдулахи.

На отворањето на ова предавање, ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, ги поздрави присутните, и посака овој модел на предавање на студентите од политички науки, да им служи како дополнителна експертиза за време на студирањето на УМТ.

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, на студентите и присутните им порача да  извлечат корист од ова предавање на професорот Жан Мишел Де Вале, посакувајќи им успех и поврзаност во  се што ќе имаат дилеми околу темата на разговор.

Професорот  Жан Мишел Де Вале, како извонреден експерт од областа на политичките науки и со долгогодишно искуство на студиите за меѓународна политика и европски студии, разговараше за многу релевантни прашања во земјата и на Западен Балкан, меѓу другото, за зајакнување на владеењето на правото, интеграцијата заснована на заслуги, важноста на интеграцијата во ЕУ, историскиот контекст на проширувањето на ЕУ и друго.

За време на заклучоците кои ги истакна професорот Жан Мишел Де Вале, тој рече дека: „ЕУ и Западен  Балкан се заинтересирани за проширување на Европската Унија во Западен Балкан, како и посткомунистичките земји кои се членки на Европската Унијата доживеа политичка стабилизација, економски и социјален раст и животниот стандард на нивните жители почнува да го достигнува оној на Западна Европа“. – изјави професорот Жан Мишел Де Вале.

Професорот Жан Мишел Де Вале исто така рече дека Универзитетите можат да одиграат корисна улога и дека секоја страна треба да ги разбере стравовите на другата, односно треба подобро да се запознаеме и да ги надминеме стереотипите.

По предавањето, професорот Жан Мишел Де Вале предизвика голем интерес кај присутните за интерактивни дискусии на академскиот кадар и студентите од политички науки.

By