Скопје, 30.10.2024 – Во рамките на активностите за подигање на свеста, Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје го одбележа месецот „Розов октомври“, месец посветен за подигање на свеста за превенција и борба против ракот на дојка со панел дискусија отворена за студентите и вработените на универзитетот.

Активноста ја водеше професорката по психологија на УМТ, доц. д-р Нита Белули, придружена од две панелистки г-ѓа. Лиридона Беќири, активист за подигање на свеста за рак на дојка и претседател на организацијата EZRA, како и г-ѓа. Алије Алими, професор по психологија на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кои пред присутните разговараа за свеста и важноста од раното откривање и здравствената грижа за превенција од сериозни болести.

Оваа организација не само што помага да се зголемат познавањата околу болеста, туку и ги охрабрува учесниците да бидат повеќе свесни за своето здравје и за здравјето на нивните семејства. Благодарение на оваа заложба, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје останува важен промотор за здравствените причини и добар пример за солидарност и посветеност на здравјето на заедницата.

By