Битола, 18-19 ноември 2024 година – Во Битола два дена по ред се одржа Зборникот на трудови од Меѓународната научна конференција „Развојот на албанското образование и албанскиот јазик“. На оваа конференција учествуваа стотина учесници од повеќе албански универзитети и институти од Северна Македонија, Косово и Албанија, меѓу кои со своите трудови се претставија и професорите oд Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје.

Конференцијата собра истражувачи, професори и експерти од различни академски институции, со цел за споделување на идеи и решавање на прашања поврзани со националното образование и промоција на албанскиот јазик. Придонесот на професорите од УМТ во научните дискусии беше доказ за нивната посветеност кон натамошниот развој на албанското образование и култура. Манифестацијата се одвиваше во атмосфера со која се оддаде чест на богатата културно-историска традиција на Битола, истакнувајќи ја важноста на овој град во историјата на албанскиот јазик.

Во свечениот дел со поздравни говори се претставија: Заит Алиу, директор на Музејот на азбуката во Битола; проф. д-р Елвира Фетаху, ректор на Универзитетот во Елбасан „Александер Џувани“, проф. д-р. Мустафа Ибрахими, декан, на Факултетот за хуманистички науки од УМТ Скопје, д-р Дорина Даиу, Институт за студии за злосторствата и последиците од комунизмот од Тирана и проф. Наим Бериша, директор на Албанолошкиот завод во Приштина, кој од организаторите беше украсен со плакети каде стилски беше врежана куќата во која се одржуваше Азбучниот конгрес во Битола.

Во одделни сесии своите трудови, ги изнесоа и професорите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје:

– Проф. д-р. Мустафа Ибрахими, Судбината на Арбершите во Италија и нивниот придонес на Конгресот за азбуката;

– Д-р. Арта Тика Бектеши & Теута Агај Авдиу (Универзитетот од Гнилане): Поларитетот на албанските неопределени заменки;

– Вон. проф. д-р Авни Авдиу & вон. проф д-р Агрон Куртиши и проф. д-р Сунај Раими, Најелементарните правописни грешки во албанските портали во периодот септември-октомври 2024 година;

– Проф. д-р Изер Максути, Заштитата на јазикот – случајот со албанскиот јазик внатре и надвор од државата; Албулена Дехари, Ранливсота на албанскиот со странски зборови;

– Д-р Дрита Џемаили, Јазичната компетентност на третата генерација албански имигранти во Германија;

– Д-р Рилинд Махмуди и д-р. Мајлинда Исмаили-Махмуди, Компаративна анализа на глаголската синтагма во албанскиот и англискиот јазик.

Учеството на УМТ на оваа конференција ја одразува посветеноста на универзитетот за промовирање на научниот дијалог и меѓуакадемската соработка на национално и меѓународно ниво.

By