Скопје, декември 2024 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно организираше тренинг семинар за подобрување на квалитетот на научните трудови во академските списанија. За време на семинарот, проректорот за наука, проф. д-р Беким Фетаји, одржа сеопфатна презентација за важноста на научните трудови објавени во списанија со импакт фактор.

Проректорот Фетаји ги истакна главните концепти за структурирање и подготовка на научни статии, разговараше за недостатоците направени во истражувањето (gap analysis) и сподели практични пристапи за подобрување на научните публикации на УМТ.

Во текот на семинарот, учесниците имаа можност да се запознаат со:

– Платформа и дигитални алатки за контретни цитати и референци;

– Матрици за истражување и структурирање на научни трудови;

– Стратегии за зголемување на видливоста и цитатите на научните написи;

– Најдобри практики за доставување написи до академските списанија на факултетите на УМТ.

Исто така, беше нагласена важноста од следење на воспоставените формати и почитување на роковите за поднесување. Крајниот рок за поднесување на статиите е 27 јануари 2025 година, а пријавувањето мора да се изврши преку онлајн формуларот за аплицирање, кој е достапен во делот “Submission” на официјалната веб-страница на списанијата: www.journals.unt.edu.mk.

Овој семинар беше организиран со цел зајакнување на научните капацитети на академскиот кадар и студентите, со цел да се зголеми квалитетот и влијанието на публикациите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во академската област.

By