Хрватска, јануари 2025 година – Проф. д-р Сунај Раими од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, преку универзитетската програма за академска мобилност „Еразмус+“ одржа предавање на хрватски јазик за влијанието на филозофскиот пристап кон старогрчката музика врз нашиот современ социокултурен животен стил. Предавањето се одржа на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека, на Катедрата за филозофија.

Оваа презентација, која привлече почитувана публика, вклучуваше предавачи, асистенти и секретари од Универзитетот на Риека, како и истакнати личности како што е амбасадорот на Република Северна Македонија во Хрватска, проф. д-р Милаим Фетаи, познатиот Албанскиот бизнисмен во Хрватска, Томе Гојани, и преседателката на албанското малцинство во Советот на Риека, Лена Марку.

На крајот од активноста, присутните ја истакнаа важноста од продолжување и проширување на академската соработка меѓу високообразовните институции од двете земји.

By