Приштина, февруари 2025 година – По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во просториите на Албанолошкиот иститут во Приштина се одржа научна тркалезна маса на тема: „Употребата на албанскиот јазик во јавниот домен“. Оваа тркалезна маса беше организирана во соработка помеѓу двете академски институции: Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Албанолошкиот институт од Приштина, и Одделот за лингвистика.

На отворањето на научната тркалезна маса, клучни говорници беа Абдурахим Маџуни, раководител на одделот за лингвистика, г-дин Наим Бериша, в.д директорот на Албанолошкиот институт, Мустафа Ибрахими, деканот на Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, и Исмет Османи, раководител на Катедрата за албански јазик и книжевност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими во својот говор по повод, меѓу другото, зборуваше и за историјата на 21 февруари како Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Тој нагласи дека УНЕСКО го одредил овој датум поради тогашните демонстрации на студентите од Бангладеш одржани на 21 февруари 1952 година во Дака, сега главен град на Бангладеш, но тогаш бил дел од Пакистан, каде што неколку студенти биле убиени и повредени. Од 1999 година, УНЕСКО го прогласи овој датум за Меѓународен ден на мајчиниот јазик, а во 2007 година истиот ден беше прифатен од Генерално собрание на Обединетите нации.

Вкупно 11 истражувачи од Албанија, Косово и Северна Македонија ги презентираа своите трудови на оваа тркалезна маса. Меѓу нив, со свои трудови се претставија и двајцата истражувачи од Факултетот за хуманистички науки при УМТ, проф. д-р Мустафа Ибрахими на тема „Албанскиот јазик денес – идентите и идеологијата“ и проф. д-р Изер Максути на тема „Во врска со негирањето за употребата на албанскиот како службен јазик во Северна Македонија“.

Тркалезната маса се затвори со голем успех и сите презентации ќе бидат објавени во посебна збирка.

By