Скопје, 13.03.2025 година – Врз основа на првичните резултати акумулирани од тајното гласање за избор на трет ректор во осумте единици на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, редовен професор на Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според избирачките списоци на факултетите, запишани се вкупно 76 гласачи, на денот на гласањето гласале 74 гласачи, 73 важечки гласачки ливчиња и 1 неважечко гласчко ливче, а 2 гласачи не го искористиле правото на глас. Мандатот на избраниот ректор трае 3 години, почнувајќи од 26.04.2025.
Проф д-р Беким Фетаји е доктор по компјутерски науки, дипломирал на Факултетот за компјутерски науки на Технолошкиот универзитет во Грац. Магистрирал на Универзитетот „Оксфорд Брукс“, Англија. Бил ангажиран како визитинг професор на Универзитетот Стафордшир во Обединетото Кралство, Универзитетот за земјоделство и инженерство во Токио, Јапонија, Универзитетот Оресбро во Шведска, Политехничкиот Универзитет во Тирана, Универзитетот во Нови Пазар и други универзитети, а од самото основање е професор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што е и декан на Факултетот за информатички науки и од неодамна проректор за наука и истражување.
За повеќе информации, погледнете го линкот подолу со прелиминарното решение за утврдување на избраниот кандидат за ректор:
🔗 https://shorturl.at/bGJmj
* Правна поука: Кандидатите за ректор имаат право на жалба до Универзитетската изборна комисија во рок од 3 дена од денот на донесувањето на одлуката.