Скопје, 22.04.2025 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно ја продолжува промотивната кампања за академската понуда во средните училишта во Република Северна Македонија

Во рамките на оваа активност, делегација од професори предводена од проректорот, вонр. проф. д-р Бујамин Бела, ги информираа матурантите од гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје за предностите кои ги нуди УМТ, како единствен јавен универзитет на мајчин јазик, кој опфаќа осум академски студиски целини.

Дел од промотивниот тим на УМТ беа и почитуваните декани и професори од сите факултети: Букурие Имери Јусуфи, Неритан Туркеши, Мајлинда Аџиу, Дитурије Исмаили, Аргетим Салиу, Елисабета Бајрами Ологу, Аријан Ганији, како и претставници од Студентското собрание на Универзитетот, меѓу кои и Омер Хебиб, матурантите имаа можност да се запознаат од блиску со студиските програми, условите за студирање, како и поддршката која универзитетот ја нуди од академски и професионален развој.

Матурантите покажаа особен интерес за студиските програми кои ги нуди УМТ, при што се вклучија во отворени дискусии со професорите и претставниците на студентите. На матурантите им беа доделени информативни брошури со детали за академските единици и истражувачките активности на универзитетот.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје изрази благодарност за гостопримството и соработката на вработените од гимназијата „Зеф Луш Марку“, изразувајќи подготвеност за продолжување на соработката и во иднина во полза на новите генерации.

By