Скопје, мај 2025 година – Студенти на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во рамките на предметот „Семејно право“, во придружба на проф. доц. д р Рудина Каја, спроведоа студиска посета на јавната установа, Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје.

За време на посетата, студентите беа пречекани од директорот на институцијата, г-дин Хамза Амети и стручниот кадар, кои одблизу го презентираа функционирањето на институцијата и нејзината улога во социјалната и правната заштита на граѓаните.

Посебно внимание беше посветено на работата на Одделот за брак и семејство, каде што студентите беа информирани за законските процедури за помирување, старателството, судските одлуки за децата после развод, како и за справување со случаи на привремено или вонбрачно старателство. Тие беа запознаени и со ангажманот на Одделот за советување и Одделот за заштита од семејно насилство, кои обезбедуваат стручна помош на поединци и семејства во криза.

Оваа посета претставува вредно искуство за студентите, помагајќи им да ја разберат практичната примена на правните концепти и важноста на меѓуинституционалната соработка во заштитата на човековите права и социјалната благосостојба.

УМТ им се заблагодарува на вработените во Центарот за нивната искрена посветеност и за нивниот ангажман за оваа образовна активност и останува посветен на подготовка на идни правни професионалци преку практични искуства и квалитетна настава.

By