Скопје, мај 2025 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, беше домаќин на работна средба со г-ѓа Зимрие Идризи, претставничка од Одделот за човечки ресурси и регрутирање на компанијата ,,LinkPlus IT‘‘.
Ректорот Фетаји, во придружба на деканот на Факултетот за информатички науки, доц. д-р Мајлинда Аџиу ја информираше г-ѓа Идризи дека внимателно ја следи мисијата, стратешките цели и најновите академски и технолошки достигнувања на Универзитетот.
За време на средбата беа разгледани и конкретни можности за соработка во областа на студентските пракси, регрутирањето на дипломирани студенти, како и вклучување на ИТ компанијата LinkPlus во отворени предавања, обуки и заеднички проекти со студентите и академскиот кадар.
Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на соработката во иднина, со цел да им се дадат повеќе можности на студентите на УМТ да се вклучат во реални проекти во технолошката индустрија и квалитативно да се подготват за пазарот на трудот.




