Северна Македонија/Норвешка, 11.09.2025 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, денес одржа онлајн состанок преку платформата Google Meet со вон. проф. д-р Глен Агунг Хол, предавач на Универзитетот на Југоисточна Норвешка.
На состанокот учествуваа и проректорите проф. д-р Зоран Гацовски, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, вон. проф. д-р Фати Исени, деканката на Економскиот факултет, вон. проф. д-р Букурије Имери Јусуфи, како и вон. проф. д-р Аргетим Салиу. Ректорот Фетаји ги информираше проф. д-р Холе и г. Блерим Џони за најновите случувања на Универзитетот Мајка Тереза, вклучувајќи го академскиот и научниот напредок, мултилатерална соработка со домашни и меѓународни институции како и заедничките предизвици со кои се соочуваат универзитетите денес.
Овој виртуелен состанок имаше за цел да ги постави основите за стратешка рамка на билатерална соработка помеѓу Норвешка и Северна Македонија, во области како што се претприемништвото, применетите науки, менторството и екосистемите за иновации.
Долгорочната визија на оваа соработка е воспоставување на Национален центар за компетенции за претприемништво и менторство во Северна Македонија, кој ќе ги комбинира научните истражувања со применетиот развој на бизнисот, придонесувајќи за зајакнување на иновативните екосистеми и интеграцијата на земјата во европските мрежи за истражување и развој.
