Скопје, септември 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, во својот кабинет го прими раководителот на образовните програми и воедно координатор на програмата за алумни во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, г. Газменд Иљази.
На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката меѓу УМТ и Амбасадата на САД, со посебен акцент на академските програми, студентските размени и поголемото вклучување на универзитетскиот кадар во меѓународните активности. Исто така, беше ценета улогата на алумни програмите како важен мост за развој на институционалните капацитети.
Ректорот Фетаји ја нагласи посветеноста на УМТ да биде активен дел од меѓународните академски мрежи и да понуди нови можности за студентите и кадарот во рамките на партнерствата со престижни институции. Од своја страна, г-дин Илази ја изрази својата подготвеност да поддржи проекти што помагаат во интегрирањето на студентите и професорите во меѓународните програми и да ја унапреди академската соработка со САД.
Оваа средба означува важен чекор кон создавање нови перспективи за академскиот, научниот и културниот развој на УНТ на меѓународно ниво.



