Скопје, 22.09.2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје со задоволство објавува дека идејата „Крем за пилинг од биоотпад од кафе – EcoScrub“ е прогласена за победник во категоријата ембрионални идеи на националниот натпревар „Зелени идеи 2025“, каде што се натпреваруваа вкупно 39 иновативни идеи.
Победничкиот тим на Факултетот за технолошки науки го сочинуваат доц. д-р Зимере Саити Муслији, доц. д-р Дрита Абази и вон. проф. д-р Сани Демири, кои со години спроведуваат анализи и истражувања во областа на одржливоста и повторната употреба на биоотпадот. Резултатите од овие истражувања се објавени во научни трудови и послужија како основа за оваа иновативна идеја.
„Кога ќе ги комбинирате резултатите од лабораториските истражувања со практиката, се добива вистинскиот резултат“, нагласува победничкиот тим, истакнувајќи ја важноста на врската помеѓу научните истражувања, иновациите и практичната примена.
Овој успех е доказ за посветеноста на академскиот кадар на УМТ за развој на одржливи решенија кои придонесуваат за заштита на животната средина, промовирање на циркуларната економија и создавање нови вредности за општеството.
Како победник на ова натпреварување, тимот ќе ја претставува Северна Македонија на регионалниот натпревар „Зелени идеи 2025“.
УМТ му посакува на победничкиот тим понатамошен успех на ова патување.



