Скопје, 25.09.2025 – Претседателката на Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Оливера Петровска, и проректорот за наука, проф. д-р Зоран Гацовски, учествуваа на семинар организиран од Министерството за образование и наука на тема „Web of Science – Унапредување на научно-истражувачката работа на универзитетите во Република Северна Македонија“.

На овој настан поздравно обраќање имаше министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, која ја истакна важноста на соработката со меѓународни платформи за зајакнување на научниот квалитет и иновациите во земјата.

Учеството на проф. д-р Оливера Петровска и проф. д-р Зоран Гацовски на овој семинар го одразува ангажманот на УМТ за зајакнување на научните капацитети и активно придонесување во развојот на академските истражувања на национално и меѓународно ниво.

By