1040 запишани студенти, УМТ го зголемува академскиот потенцијал и ја потврдува својата образовна мисија

Скопје, 01.10.2025 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe го одбележа почетокот на новата академска 2025/2026 година со свечена церемонија пред универзитетскиот кампус, поздравувајќи ја десеттата генерација студенти. Оваа година означува посебно достигнување за институцијата, бидејќи за прв пат бројот на запишани студенти достигна 1040 запишани студенти, позиционирајќи го УМТ како еден од универзитетите со највисока стапка на раст во земјата.

Во своето воведно обраќање, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, го истакна значењето на овој момент за академскиот живот на новите студенти и ги претстави четирите стратешки цели на универзитетот за новата академска година: зголемување на академскиот квалитет, зајакнување на врската со пазарот на трудот, унапредување на универзитетската инфраструктура и продлабочување на меѓународната соработка.

Претседателката на Сенатот, проф. д-р Оливера Петровска, ја нагласи мисијата на УМТ како институција каде што студентите, покрај професионалното знаење, го развиваат и својот карактер, се соочуваат со предизвици и градат нови пријателства и соработки, добивајќи постојана академска и институционална поддршка.

Проректорот за образование, вон. проф. д-р Фати Исени, ја потенцираше историската важност на оваа академска година со надминувањето на бројката од 1040 нови студенти. Тој нагласи дека УМТ е место на знаење и критичко размислување, каде што се надминуваат предрасудите и се промовира култура на солидарност и соработка, претворајќи се во пример за модерни и инклузивни универзитети.

По завршувањето на свечената програма, новите студенти имаа можност да се запознаат одблиску со академските структури и студиските програми на соодветните факултети. УМТ го реафирмира својот ангажман за обезбедување квалитетно образование, подготвување на професионалци на иднината и придонесување кон општествениот и академскиот развој во земјата и пошироко.

By